JOBS @ Sky Eye: Marketing Manager

Скај Ај Ентертејмент го проширува својот тим со онлајн маркетинг менаџер, работна позиција исполнета со секојдневни предизвици, комуникација со водечки лица од најголемите светски издавачки куќи, наменски обуки…

Што е тоа што бараме:
Искуство во дигитален маркетинг
Разбирање на трендовите за дигитален маркетинг
Искуство во поставување и оптимизација на Google Adwords и Social Media кампањи
Искуство при работа со алатки за онлајн аналитика (Google Analytics) ќе се смета за предност
Одлично познавање деловен англиски јазик (пишан и усмен),
Одлично познавање MS Office (Excel, Word),
Комуникативност,
Одлучност, Флексибилност, Амбициозност,
Подготвеност за работа во тим

Краток опис на основните одговорности:
Создава и менаџира ефективни онлајн маркетинг кампањи
Обезбедува и создава контакти од водечки лица на издавачки куќи и продукции
Го апдејтува и оптимизира корпоративниот сајт
Создава содржини за реализација на маркетинг кампањи преку емаил и социјални медиуми
Го следи и анализира сообраќајот на веб сајтот и доставува точни и прецизни репорти
Идентификува нови трендови во дигиталниот маркетинг, и предлага нови техонологии и можности
Активно учествува во подготовката на други комуникациски активности
Активно соработува со креативниот директор и проект менаџерот
Во целост ги следи и ги почитува политиките, културата и процедурите на компанијата

Како да се аплицира?
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации да ги достават своите CV-а заедно со мотивациските писма, најдоцна до 02.11.2018 на [email protected]